Се ближи денот на вљубените, а набрзо потоа и денот на мајката. Со овој проект може да ги изненадите своите најмили со трајни рози или едноставно да си ја разубавите масата или некој заборавен агол во домот со вазна букет хартиени рози.
Потребни ви се:
– зелена и розева креп хартија
– ножички
– лепак
– жица
Зависно од големината на роза која ја посакувате, исечете ги листовите, како на фотографијата. Земете ја жицата и намотајте ја со лента креп хартија, додека не се создаде клопче што би го претставувало „срцето“ на розата. Потоа внимателно еден по еден почнете да ги лепите листовите. Исечете тенка лента од зелениот креп и почнете да ја обвиткувате жицата.
Вашата роза е готова. Подарете со љубов!