Ким Кардашијан, модерната, контроверзна идна мајка со најсекси задник во светот, повторно изненадува…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………. БЛА, БЛА, БЛА…
Зошто кликнавте? Ве интересира „Задникот на Кардашијан“? Опседнати сте со клишеата на таканареченото информациско општество? Мислите дека таа информација Ви е навистина потребна? Се одмарате од брзото темпо на живот, читајќи вакви информации? Или навистина Ве интересира изгледот на задникот на Кардашијан???
Време е да смените нешто; Вашите интереси, ставови, активности… Престанете залудно да го трошите слободното време. Почнете да се надоградувате самите себе, читајте книги, посетувајте музеи, галерии… Дајте му вредност на Вашето постоење, здобивајте се со знаење со секој Ваш чекор, уживајте во уметноста со секој Ваш здив, вратете ги вистинските вредности во Вашиот живот.
Објава која најверојатно ќе биде најчитана. :)