Светлина која трепери на подот, ѕидовите и таванот на секоја соба овозможува блескавата коктел маса Sparkle Palace. Дизајнирана од John Foster, масата е направена од транспарентно стакло во нежни бои, исечено во геометриски форми на призма, поставени на две нивоа. Како што светлината минува низ колоритното стакло, расприснува триаголни форми на светлина во просторот, притоа креирајќи прекрасен непредвидлив изглед.
Многу повеќе од парче мебел – Sparkle Palace претставува експериментална скулптура налик скапоцен накит, рачно креирана од дизајнерот. Ова уникатно уметничко дело ќе го украси и блесне секој простор во кој се наоѓа.