Не треба да бидете професионалец за да создадете креативни урбани интервенции. Францускиот уличен уметник OakoAk создава интересни дела од несовршеностите на урбаниот свет. Со додавање на неколку линии и малку боја, ОакоАк создава мали улични дела на места кај што не ги очекувате. Повеќето негови дела се во неговиот роден град St.Etienne; „Сакам да изгледа поубаво, тоа е индустриски град со многу рудници за јаглен…“ Погледнете за што станува збор.