Во овој проект ќе Ви покажеме како на многу едноставен начин, користејќи ги обичните црни шноли и малку креативност да направите уникатни обетки.
Потребни материјали:
- неколку црни шноли
- лакови за нокти во разни бои
- тенка жичка
- куки за обетки (кои може да ги извадите од стари обетки)
Изработка:
Зацврстете ги шнолите на парче картон и обоете ги во бои и форми по желба. Откако ќе се исушат шнолите, поставете ги на жичката која рачно ќе ја прицврстите добро на куката. Уникатните обетки се подготвени за носење, и кога и да Ви е потребна шнола за косата може да откачите една од обетките. :)