Атрактивно место кое ќе го воодушеви секој библиофил – 100 милји североисточно од Торонто, во округот 503 се наоѓа најмалата книжарница на светот. Исполнета со разнолики наслови и автори, каде секоја една книга чини 3$, а плаќањето се врши со оставање на банкнотите во една кутија. Совршен принцип на доверба помеѓу сопствениците и потрошувачите, креирајќи чувство на припадност во големото семејство на вљубеници во книгите.
По примерот на најмалата библиотека на светот, тука акцентот е сосема поинаков. Сместена во квадрат 10х10, покрај книгите, знаците на патот и оформените статуи на кои стојат зборови и автори; поседува и белешки кои купувачите ги оставаат. Листата со наслов „Зошто сакам книги?“ изгледа вака:
1. Книгите молчат.
2. Книгите не Ве прекинуваат во уживањето.
3. Книгите лесно се отвoраат.
4. Книгите може да се затворат во секое време.
5. Книгите нема да се навредат, никогаш.
6. Книгите не Ви возвраќаат лош збор.
7. Книгите не го бараат Вашето внимание, но сепак го добиваат.
8. Книгите не мора да ги храните.
9. Книгите не бараат лекарска помош.
10. Книгата сеедно ќе Ве сака дури и ако читате друга книга…