Незалудно многумина велат дека фотоапаратот е најдобриот придружник во патувањето – некоја локација или момент останува овековечен на фотографија, кога по извесни години ќе избледи меморијата. Знаејќи го ова, а истовремено сакајќи да се издвои од толпата фотографи, Gokhun Guneyhan илустрира фотографии од впечатливи европски градови со интересна типографија. Секоја од фотографиите е со уникатен типографски печат која соодвестува на европскиот град.