Запознајте го „Јапонскиот Хари Потер“ – Halno, кој ја добива оваа титула после создавањето на фотографии на кои тој се наоѓа на летечка метла. Тој не е професионален фотограф, но неговите фотографии го обиколија речиси целиот свет. За своите фотографии, вели: „Важно е правилно да се наместат нозете, да имате совршена фацијална експресија и готово… нема потреба од возбуда. Фотографирајте што сакате, само не заборавајте да биде интересно и да се разликува од досега виденото. Аматерските фотографии на храна и облека се досадни, зар не? Бидете креативни!“