„Состојба на умот“ е серија фотографии на Nuno Moreira, која всушност претставува збир на емотивно управувани фотографии кои нудат индивидуална и уникатна преспектива на светот. Во текот на своите патувања низ Русија, Португалија, Мексико и Шпанија, тој документира луѓе, места и работи на кои наидува, во кои наоѓа емотивна врска со многуте „состојби на умот“, кои постојат во и околу човекот. Moreira ги отстранува боите од своите фотографии, со цел да создаде силно визуелно доживување. Тој вели: „Овој проект е фаќање на минливи мисли, апстрактни расположенија и замрзнување на моментот. Некои слики се мрачни, некои урбани, но сите се многу реални и сите заедно создаваат една приказна.“