Како големи обожаватели на алтернативните дизајни на книги, колекцијата која го носи името на Харуки Маруками на своите насловни страници сигурно ќе Ве одведе до точка на возбуда. Без простор за разочарување, овие фантастични нови дизајни за 15 наслови се крајно минималистички и модерни, каде Noma Desings го користи кругот како главен мотив, со ограничена палета на црвено, црно и бело. Со внимателен акцент, ќе забележите дека богатството се крие во рационално искористување на негативниот простор и создавање на илузии, каде што дизајнерот се изјаснува:
„Слично на стилот на Мураками, суптилно значење може да се најде во илустративното поимање на оваа колекција за поблиско интерпретирање на песимистичката загатка која е претставена во слоеви.“