Секој би посакал да поседува џакузи. Да се има џакузи во домот е навистина добро, но да се има надворешно џакузи е уште подобро. Најпозитивната карактеристика на надворешните е секако погледот, нешто што ќе Ви го подобри џакузи искуството – повеќе релаксирање уживајќи во погледот.
Надворешно џакузи би било совршено доколку куќата е во природа, погледот кон зелени површини и прекрасни пејзажи е медитација и одмор за сите сетила. Но не лажете се дека живеењето во зграда не би овозможило вакво искуство, во ваков случај архитектите имаат совршена алтернатива – го поставуваат џакузито на покривната тераса, прикладно за прекрасниот поглед кон градот, за романтично релаксирање со стил. Уживајте во фото-галеријата подолу, селектирана од нас за Ваша инспирација.