Како точно работи мозокот? Ова несомнено е комплексно прашање со нејасен одговор. Но тимот умови од AsapSCIENCE на интересен начин даваат еден одговор на ова прашање, преку ова брилијантно информативно видео, Brain Tricks.
Тука е застапена теоријата дека мозокот процесира на два начина или брзини. Првиот е брзо процесирање кое се случува инстантно – пример препознавање ликови. Вториот начин е споро процесирање, за кое, како што кажува самиот назив, треба повеќе време. Пример за случај на споро процесирање е математичка задача со множење, за која е потребно мозокот за паузира и да размисли.
Тргнувајќи од ова, со поставување секојдневни ситуации ни презентираат во кои случаи мозокот процесира брзо, како и споро, понекогаш создавајќи погрешни заклучоци. Анимираното видео ќе Ве заинтригира на темата и ќе Ве информира за нештата кои постојано ги прави Вашиот мозок, за кои не сте биле свесни цел живот.