Фотографот Ben Franke, успева да долови убави, акробатски движења. Трагајќи по извонредни некласифицирани спортисти, следејќи го нивното движење низ урбаните улици, документирајќи ги нивните атлетски способности, создава серија фотографии, под наслов „Parkour Motion“. Со Canon 5D Mark II во рака, опремен со 24-70mm објектив, успева да го меморира пркосењето на гравитацијата низ бетонската џунгла. Автентичното движење пренесено на фотографија, според Franke, е предизвик на секој фотограф. Погледнете дали тој успева во тоа.