Како прекрасно љубовно писмо, фотографот Fabio Sabatini, создава прекрасна серија фотографии на неговата сопруга Alessandra. Љубовта е најголем мотив за создавање на овие фотографии, поради тоа не изненадува фактот дека Fabio има направено повеќе од 500 фотографии од својата поубава половина. Оваа серија фотографии е насловена „Shoulders“. Патувајќи низ светот, во посета на познати места, Fabio создава фотографии во кои е фатен грбот на Alessandra, која ужива во погледот или со одземен здив се воодушевува во историските места. Главниот акцент е ставен на нејзината долга плава коса, која мора да признаеме изгледа одлично и создава љубопитност кај нас: како изгледа Alessandra? Во сите фотографии преовладува визуелното изразување на љубов на Fabio кон неговата сопруга, овозможувајќи ни да ѕирнеме во неговиот живот.