Alyssa Monks е сликарка од Бруклин, која на маестрален начин ја прикажува својата способност да создава фото-реалистични слики на платно. Луѓето ги претставува преку стакло, на кое се наоѓаат капки вода. Monks за своите дела и начин на сликање вели: „Користењето филтри, како стакло, вода и пареа, му даваат подлабок пристап на насликаното лице. Овие филтри овозможуваат поголем простор за апстрактен дизајн, со јасни делови на кои е претставен дел од човечкото лице. Претставување на човечки лик, преку замагленото стакло при туширање.“