Во однос на минатиот роденден имате повеќе спомени, повеќе искуства, повеќе пријатели, повеќе можности, повеќе причини за радост, повеќе насмевки, повеќе бакнежи, повеќе прегратки, повеќе килограми, повеќе бели влакна, повеќе брчки на лицето и една година плус од Вашиот живот.
Но немате причина за грижа, роденденот е прослава на животот, потсетник дека времето поминува… немате време за губење, насмејте се, ова е можност за подобра година.
Година за нови желби, нови планови, нови достигнувања, нови освојувања, нови предизвици, нови мисли, нови соништа… се’ во исполнување на една цел; година полна со здравје, љубов и насмевки.
Затворете ги очите, замислете желба и силно дувнете… сепак има свеќичка повеќе од минатата година…
Штотуку додадовте живот во Вашите години, наместо години во Вашиот живот!