Денес, речиси секој има свој миленик и неизбежно е да им се одолее. Фотографирањето на милениците е една од најубавите работи, но не секогаш може да направиме фотографии какви што сакаме. Ние Ви нудиме неколку совети за креирање на подобри фотографии.
1. Користете мамки. За да успеете да го свртите и задржите погледот на Вашето милениче користете некој предмет (играчка) која е примамлива за Вашиот миленик. Држете ја мамката зад апаратот, во висина на него, за да се добие чувство дека тоа гледа дирекно во апаратот.
2. Користете реквизити. За поинтересни и несекојдневни слики, користете реквизити се со цел Вашиот миленик да добие пооригинален изглед. На пример, може да користите играчки, очила, капи и слично.
3. Користете природна светлина. Не заборавајте да го исклучите блицот при фотографирање на Вашите миленици доколку не сакате да добие „ѓаволски очи“.
4. Позирајте со Вашиот миленик. Сликите со Вашите миленици секогаш имаат поголема живост. Овие слики можат да бидат и спонтани; галење, играње или спиење се заеднички моменти кои мора да ги меморирате со фотографија и да им дадете место меѓу Вашите фото-спомени.