Едноставен проект за кој не ви треба никаков буџет. Доволно е да ги соберете празните пластични шишиња од вашиот дом и да изработите интересен украс за домот, или „завеса“ за прозорецот.
Потребни ви се:
– пластични шишиња
– ножици
– перманентен маркер
– конец
– игла
– лепак
Најпрвин исечете ги шишињата на прстени со дебелина од 2/2,5 cm.
Со перманентниот маркер нацртајте или напишете нешто по желба.
Превиткајте ги парчињата како на фотографијата, залепете ги краевите за да добиете форма на срце.
Изработете онолку срциња колку што сметате дека ви се потребни.
Земете ја иглата на која имате ставено конец, боцнете ги срцињата и закачете ги.
Вашиот рециклиран украс е готов и подготвен да го разубави домот.