Повеќето луѓе мразат реклами, но нема начин да не Ви го привлече вниманието доколку е креативна и несекојдневна. Секоја рекламна кампања се однесува на пренесување одредена порака или промовирање на одреден производ или услуга на најдобар можен начин. Креативноста овде стапува на сцена; како да се привлече вниманието на најголем број луѓе и се постигне тоа што се сака. Бразилската агенција Terremoto Propaganda успеала во својата цел; креирале кампања за намалување на сообраќајните незгоди, насловена „Stop the Violence“. Кампањата е креативна, поучна, несекојдневна… Погледнете ја и почитувајте ги пораките.