Инспириран од желбата да се цитираат омилените филмски ликови, графичкиот дизјнер Pete Ware, изработи серија од типографски филмски постери, наменети за најголемите филмофили. Серијата илустрации изработени во vintage дух, портретира неколку популарни ликови од култни филмови чии силуети ги чинат нивните познати изреки. Ако погледнете внимателно во силуетите на Дарт Вејдер, Јода и Хан Соло од Star Wars, Индијана Џонс, Матилда и Леон од Leon: The Professional и други ќе ги прочитате познатите изреки карактеристични за нив.