Што се случува кога Вашата полица со книги несреќно ќе заврши врз масичката за кафе? Како од ракав, тоа може да Ви се случи само ако сте студент. Резултатот е иновативен производ на студентот на Кливленд Институтот за уметност, Дејвид Пикет. Развојот на идејата за кафе-масичка со вметната полица за книги му паднала на ум на Пикет во моментот кога неговата полица со книги по пат на несреќен случај слетала на неговата кафе-масичка. Во обид да создаде „четврта нога“ на обичната масичка, постигнатиот дизајн со име Nook Coffee Table плени со едноставност и практичност.