Извонредна соработка меѓу модениот фотограф Kristian Schmidt и фотографот чија специјалност се морските животни, Shawn Heinrichs, започната со цел да се подигне свеста за зачувување на животната средина. Heinrichs вели: „Нашиот предизвик е да се нагласи величественоста на ајкулите, претставувајќи ја на глобалниот аудиториум во малку поинакво светло; со модели претворени во сирени, истовремено создавајќи врска помеѓу луѓето и најголемите животни.“ Во проектот учествувале моделите Roberta Mancino и Hannah Fraser, стилистот Fazli Krasniqi и психологот Taro Smith. Фотографиите сведочат за беспрекорната соработка меѓу животните и моделите, докажувајќи ја хармонијата и кревкоста на природата. Секоја чест, модата vs. подводниот свет… совршена визуелна хармонија.