Деликатноста на пердувот како уметнички медиум и потребата од внимание при изработката, го прави овие пердувести дела исклучителни уште при првата помисла, а првиот поглед го потврдува истото. Дизајнот на делата се резултат на креативноста на Chris Maynard, а прецизноста во изработката се должи н аалатките со кои се изработени – истите инструменти кои се употребуваат при операција на очи. Богатото портфолио на уметникот вклучува прекрасни дела изработени од пердуви од најразновидни птици, собирани од зоолошки градини и разни паркови.
На прашањето зошто пердуви, артистот одговора: “Пердувите се врвот на достигнување во природата поради својата форма, функција и убавина.”