Њујорк – град ослободен од сите разлики, вистински приказ на 21-от век. Со идеја да се прикаже разновидноста и животот на жителите на Њујорк, Brandon Stanton дошол до идеја да фотографира 10 000 жители на Њујорк: „Се започна со собирање цитати и приказни од луѓето кои ги запознавав, вклучувајќи и фотографии. Но набргу овој проект се рашири и стана предмет на различни блогови.“ Серијата насловена „Луѓето од Њујорк“ Ви нуди можност да се запознаете со духот на Големото jаболко. Уживајте.