Кој би рекол дека малите оригами или т.н жапчиња кои ги правевме како деца би можеле да бидат одлична декорација? Интересен проект како да ја разубавите вашата соба или работен простор со овој лустер изработен од оригами.
Потребни Ви се:
– хартиен лустер
– листови (може и во боја)
– пиштол со силикон
Најпрвин изработете многу оригами. Доколку не паметите како, еве ги инструкциите.
Големината на оригамите зависи од самите вас.
Наместете го лустерот, земете го пиштолот со силикон и почнете да ги лепите. Доволно е само да го лепите долниот врв од секое оригами.
Излепете го цел лустер и оставете го да се исуши.
Закачете го на саканото место.