Париз – Градот на светлината, позната и призната роматична локација и најмагичната дестинација во светот. Метрополата на Франција била повремен и постојан дом на познати сликари, писатели, поети, музичари и со години им служела како непресушен извор на инспирација.
Париз е благородниот украс на светот и за него се компонирале песни, сликале уметнички слики, снимале филмови и пишувале литературни дела. Поттикнати од ова, составивме листа од иконски цитати за овој град кажани во минатото од значајни уметници и познати личности, кои се сметаат за култни изреки и се’ уште се употребуваат и споменуваат кога се говори за Париз.
Париз е секогаш добра идеја. – Одри Хепберн
Уметникот нема дом на ниедно друго место во Европа, освен во Париз. – Фридрих Ниче
Америка е мојата земја, а Париз е мојот роден град. – Гертруд Штејн
Велат дека кога добрите Американци умираат, одат во Париз. – Оскар Вајлд
Полноќ е. Една половина од Париз води љувов со другата. – Ниночка
Прошетка низ Париз ќе ви даде лекции за историја, убавина и за поентата на животот. – Томас Џеферсон
Кога стига пролетта во Париз и најскромното суштество чувствува дека плови во рајот. – Хенри Милер
Најдоброто од Америка тежнее кон Париз. Американецот во Париз е најдобриот Американец. – Ф. Скот Фицџералд
А што ќе биде со нас? Ние секогаш ќе го имаме Париз. – од филмот “Казабланка”
Оној кој не го посетува Париз често, никогаш нема да биде вистински елегантен. – Оноре де Балзак
Кога Париз кивнува, Европа настинува. – Принцот Метерних
Ако сте биле среќни да живеете во Париз во младоста, каде и да одите остатокот од животот тој останува со вас, бидејќи Париз е подвижна гозба. – Ернест Хемингвеј
Париз како целина е еден огромен универзитет на уметност, литература и музика…вреди да се престојува таму со години. Париз е семинар, постдипломски курс по СЕ’! – Џејмс Турбер