Пролетната колекција на Chanel Haute Couture претставена на престојната Модна недела на висока мода во Париз изобилува со твид фустани, костуми, чипка, пердуви и интересни чевли. Главниот фокус на голем дел од колекцијата е на рамениците. Целото шоу беше претставено во вештачка шума, а моделите се движеа меѓу зеленилото и дрвјата.