Омилените чудовишта се враќаат на големото платно во анимираниот филм Monsters University продолжение на еден од најдобрите анимирани филмови од Disney/Pixar, Monsters Inc. Дејствието на филмот е сместено десетина години пред настаните од првиот, и раскажува за студенските денови на протагонистите Саливан и Мајк, во универзитетот каде се едуцираат за подоцна да станат успешни чудовишта во корпорацијата.
Филмот ја раскажува приказната за запознавањето и бурниот студентски живот на 17-годишниот Мајк Вацовски (Billy Crystal) и 18-годишниот Саливан Трак (John Goodman) на универзитетот, каде двајцата членуваат во исто братство. Иако овие различни карактери подоцна во животот се неразделни пријатели, нивниот однос не бил отсекогаш така пријателски – всушност тие не се поднесувале, а во овој филм ќе видиме како ги надминуваат разликите. По она што можеме да го видиме во краткиот трејлер, во филмот ќе погледнеме многу незгоди и практични шеги кои Сал му ги прередува на Мајк, a нема да изостане ни појавата на главниот антагонист од првиот филм, чудовиштето Рандал (Steve Buscemi). Премиерата на една од најочекуваните анимирани авантури годинава е закажана за на 21ви јуни 2013.
Улоги: Billy Crystal, John Goodman, Steve Buscemi, Jennifer Tilly, Kelsey Grammer
Жанр: Анимација, Авантура, Комедија.
Режија: Dan Scanlon
Погледнете го и интересниот ТВ спот за филмот направен во стилот на вистинските видео реклами за универзитетите.