Оние кои чуваат миленичиња, ги сметаат како дел од семејството, и сакаат истите да се чувствуваат комплетно пријатно и удобно во домот. Овој проект е наменет токму за Вашите омилени животини и во истиот ќе Ви покажеме како да направите уникатно и удобно креветче за миленикот, на многу едноставен начин, рециклирајќи еден стар куфер.
Потребни материјали:
- vintage куфер
- перница
- готова навлака за перница (доколку не Ви се допаѓаат оние кои веќе го имате, сошијте ја сами од материјалот по желба)
Одберете перница со големина колку и внатрешноста на куферот, ставете ја во готовата (или пак сошиената) навлака и поставете ја во куферот. Бидете креативни и украсете го креветчето со играчки или пак напишете го името на Вашето милениче на куферот. Овој нов кревет кој покрај тоа што е уникатен и изгледа навистина добро, лесен е за транспортирање – може да го носите со себе на патување или едноставно да го преместувате насекаде низ домот, така што каде и да сте Вашето милениче мирно ќе спие во своето креветче.