Подземното метро по пат на предрасуда е најчестото место на злосторство и криминал, но парадоксално е и најчестото превозно средство во мешаницата од магија наречена Њујорк. Оваа фотографска серија е дело на фотографот Ourit Ben-Haim, кој визуелно ги евидентира интересните показатели на благородно искористување на временската должина на патот во метрото. Разноличноста на наслови и бегството во добра тематика го олеснуваат возењето кон дома или работа – „овие фотографии се најголем потсетник дека сите сме способни да патуваме до неистражени далечини“, вели тој. Дали во Македонија се случува вакво квалитетно искористување за времетраење на возниот ред? Дали сте забележале лик кој седи спроти Вас во автобусот и е залутан во добра книга?