Имате чувство дека го живеете својот живот на работ? Опуштете се, Вие сте креаторите на сопствениот живот и од Вас зависи како ќе живеете. Ahn Jun е со својата серија фотографии претставува живеење на раб, во буквална смисла. Серија која е одраз на урбаниот живот од преспектива на изолирана, нежна девојка која се наоѓа во џунгла од бетонски згради. Мотивот за овие фотографии не е желбата за адреналин, туку желбата да се прикаже поединецот во онаа димензија во која всушност се наоѓа во модерниот начин на живот и изменетите вредности. Живеејќи на работ е сигнал дека треба нешто да се промени, а Ahn Jun сака да ја почувствува таа промена создавајќи ги овие фотографии.