Дадете им свежина и живост на старите еднобојни маици од Вашиот гардеробер со овој едноставен проект.
Потребни Ви се:
– (бела) маица
– хартиен селотејп (креп)
– картон
– боја за текстил
– четка
– мал сад
Земете ја маичката и во неа ставете го картонот, со тоа што кога ќе почнете да исцртувате, да не се исцрта и задната страна. Со хартиениот селотејп формирајте ги лентите. Дебелината зависи од Вас.
Земете ја четката и садот во кој претходно додадовте боја за текстил и почнете да ги пополнувате празните линии меѓу лентите хартиен селотејп. Оставете да се исуши. Проверете го упатството на бојата за текстил, некои видови бои е потребно да се испеглаат по сушењето.
Вашата стара маица со нов изглед е готова и подготвена за носење.