Уличната уметност во Лондон има големо значење. Групата Broken Fingaz, со својот уникатен и препознатлив стил работи на постојано уметничко надоградување на улиците на Лондон. Оживување на напуштен паб, подземен премин или едноставно некој безживотен ѕид е доволен мотив за Broken Fingaz да започнат со својата работа. Уличното цртање за нив не е хулиганство доколку е професионално изработено и вметнато на соодветно место.