Дали е до носталгијата или бујната фантазија, првото нешто на што не’ асоцира оваа куќа, се оние убави дрвени куќи во книгите, насликани како поткрепа на приказните за деца. Оваа куќа е ситуирана на брегот на шведското езерото Маларен, со неверојатен поглед кон околната природа.
Архитектурата е воглавно инспирирана од 18иот век, а во ентериерот преовладуваат сјајни дрвени елементи, цветен романтичен мебел со допири на ориенталниот марокански стил – сето тоа во разиграна колоритна палета. Куќата е дизајнирана од Magnus Isæus.