Дали Вие ја имате пронајдено личноста со која би сакале да го поминете животот? Дали сте смислиле иновативен начин да ѝ предложите брак? Благодарение на креативноста и споделувањето на најразлични искуства, како понудата за брак во книга – така и овој пример на запросување во книжарница ќе Ве насмее и ќе Ви го стопли срцето. Овој човек практикува стил на невозможна мисија, со скриени камери и тајна книга во која стои песната која што тој ја напишал за неговата избраничка Џани. „Ѝ реков дека одиме да купиме правни книги за мојата фирма„, и бидејќи самата е љубителка на убавиот пишан збор, не размислила два пати за да појде да го придружува своето момче. И, изненадување! Одговорот, несомнено се состоел од „да“.