Со напредокот на технологијата и USB стиковите со се’ поголема меморија, компакт дисковите се’ помалку се користат, па сигурно во Вашиот дом или канцеларија имате многу цедиња кои не Ви се потребни. Наместо да ги фрлите, во овој проект ќе Ви покажеме како да им дадете втор живот и да ги употребите за да направите подметачи за пијачки.
Потребни материјали:
- компакт диск
- шарен материјал
- фелц
- бел спреј подлога
- пиштол на силикон
- ножички
Исцртајте облик на цеде на материјалите по желба и исечете ги. Истото направете го и со фелцот. Прекријте ја надворешната страна на дискот со бела подлога. На внатрешната страна (доле) на дискот залепете го фелцот и оставете да се исуши, а на горната страна каде што прекривте со бела подлога залепете го шарениот материјал. Не заборавајте помеѓу постапките да оставите време добро да се исушат залепените материјали, а откако ќе се исушат, ќе добиете нови подметачи за пијалоци.