Историјата, архитектурата и приказните кои ги раскажуваат прекрасните светски метрополи како Париз и Лондон, отсекогаш служеле за инспирација на уметниците. Така и во овој случај – полската дизајнерка Marlena Geniusz инспирирана од знаменитостите на овие два града, изработила парчиња накит со симболот на Париз и на Лондон. Станува збор за дизајн на стаклени глобусни прстени, исполнети со вода и светки, а како главен елемент во секој од прстените се наоѓа една позната градба – париската Ајфеловата кула и лондонскиот Биг Бен. Уникатни парчиња накит кои влеваат бајковито чувство и би биле совршен подарок за љубителите на овие два града.