Фотоманипулации без користење на Фотошоп или други алатки? Не секогаш постоеле алатките за манипулации кои во голема мера се користат денес. Интересно е да се погледне назад низ времето, издвојувајќи интересни фотоманипулации. Почнувајќи од 1855 година, анонимни автори, Gustave Le Gray, Henry Peach Robinson, Oskar Rejlander создаваат визуелна пракса креирајќи имагинации со таканаречени „трик фотографии“. Самата тежина на овие фотографии во однос на денешните фотоманипулации се зголемува поради начинот на нивното создавање. Секоја чест на снаодливоста.