Како и повеќето видови на хоби, многу е забавно да се биде пасиониран читател: да се купуваат книги, да се прават списоци, да се разговара со други ентузијасти и секако, да се организира сопствената библиотека. Постојат неколку начини кои што не зависат од правила, туку од вкус; но, денес на репертоар го имаме организирањето по боја кое е диктирано од страна на ROYGBIV.
Процесот на подредување можеби навидум ќе Ви делува лесен, но бројните искуства говорат за извесни потешкотии при управувањето со транзиции од боја до боја (пр. не постојат две идентични варијанти на црвена), како што не постојат строго определени стандарди за величината на самата книга. Додека сте во обид да уживате во организирањето, наш совет е да не подлегнете на нервозите околу тврд/мек повез, наслов од горе кон долу, односно од долу кон горе и слично.
Исклучок: ако не се работи за примероци кои припаѓаат на една едиција (во тој случај сте вистински среќници). Но, доколку поседувате здрава доза на перфекционизам во Вашата глава, нема да се потрудите Вашата библиотека буквално да се идентификува со примерите приложени во оваа фото-галерија. На крајот на краиштата, резултатот кој ќе го постигнете ќе биде Ваша лична сатисфакција и невообичаен изглед на Вашите драги книги во една прекрасна збирка!
Дали некој од Вас веќе се обидел да ја организира својата библиотека на овој начин? Очекуваме коментари и фотографии!