Македонскиот бренд Пелистерка е единствен по своите календари кои преминаа во традиција. После Елена Ристеска, Иванна Хаџиевска, Викторија Лоба, Драгана Чуприна, оваа година пред објективот на Пелистерка застана и македонската поп-дива, Каролина Гочева. Во светло во кое досега не сме ја виделе, секси со провокативна доза на голотија, Каролина е лицето на Пелистерка календарот за 2013 година. Како и досега, Пелистерка ја покажаа својата професионалност и посветеност на работата. За календарот ние би кажале: Светско, а наше! 12 месеци кои одбележуваат некој период од шеесет годишното постоење на Пелистерка, претставено со различни стајлинзи кои на соодветен начин ја претставуваат женската убавина низ историјата. Секоја чест за Каролина и фотографот Чедо Поповски.