Едно свртување на глобусот и акцент на заборавеното, но секогаш будно Токио: доколку во блиска иднина патот Ве води во главниот град на Јапонија, или веќе имате среќа да бидете таму, осигурајте се дека Вашата листа на места за посетување го содржи и ресторанот „Алиса во магичната земја“, мало парче магија низ брзото темпо на градот кое е создадено од Fantastic Design Works Co дизајн-студио. Со репродукција на замислата на авторот на Земјата на чудата, ресторанот ја вклучува и Собата на Срцата – како простор за забава и дружење, Градината на Розите како совршен избор за дегустација на менито, влез на кој стојат Картите Стражари на кралицата. Да не ги заборавиме и рецепцијата со ходниците кои Ви дозволуваат да прошетате низ самата приказна. Буквално да прошетате низ неа!