Овие литературни типови кои бездруго се класифицираат како бунтовници, во суштина се вистински креативци – успеваат да ги украсат напуштените ѕидови од Лондон до Њујорк со суштинска порака, т.е потсетување на заборавените автори и нивните дела. По уличната уметност инспирирана од книги, оваа серија графити се припојува кон истата намена и фактот што сепак порастот на овој тип на графити изненадува, е навистина за пофалба на сметка на уличните уметници ширум Скопје. Ако минатиот пат Ве запрашавме дали вакво нешто му недостасува на Скопје, сега имаме прашање: дали освен Едгар Алан По на повеќе локации низ градот, имате забележано друг автор или цитат? Споделете со нас во коментар!