Новинарска статија објавена во јунското издание на Writers’ digest, 1986 со оригинален потпис на Френк Л. Виско – денес, цитирана илустрација која патува низ реципиентите на интернетот со назнака „непознат автор“. Но, истовремено благодарение на сите доблести на интернетот, името на креаторот на оваа листа е познат и ре-објавен на повеќе медиумски куќи кои се занимаваат со истражување на книжевната уметност. На прашањето „како да пишувате подобро“, овој автор дава свое видување прозилезено од неговото сопствено искуство… и поглед од другата страна, од чевлите на читателот.
„Неколкуте години во играта на зборовите ме научија на неколку правила“ вели Виско:
- Странските зборови и фрази не се подразбираат.
- Намалете ги цитатите до минимум. Како што еднаш Емерсон рекол „Ги мразам цитатите. Кажи ми што знаеш!“
- Не бидете излишни користејќи повеќе зборови отколку што се потребни.
- Вулгарностите се со клаузула „непотребно“.
- Активирајте ги читателите.
- Потценувањето е секогаш најлошо.
- Претерувањето е милјарда пати полошо од потценувањето.
- Реченица составена од еден збор? Избришете ја.
- Пасивот треба да се избегнува.
- Дури и ако метафората е комбинирана, треба да ја елиминирате од текстот.
- Избегнувајте алитерација. Секогаш.
- Предлозите не се зборови со кои може да се заврши реченица.
- Бегајте од клишеата како од чума.
- Заборавете на симболите, кратенките и слично.
- Една тема никогаш не треба да се генерализира.
- Сочувството е еднакво здодевно како клишето.
- Бидете поспецифични или понеспецифични.
- Родителски став, колку и да е релевантен, навистина е непотребен.
- На кого му се потребни реторички прашања?