Шик и современ систем за складирање книги, инспириран од ДНК концептот во две достапни величини: MYDNA полиците се безвременски софистициран начин да се укаже на стилот во Вашиот дом. Со ефект на двојна спирала и метафорична изјава, самата животна суштина на овие полици дефинира значаен дел од Вашиот идентитет со оглед на тоа што ќе поставите на нив. Покрај се’ друго, книги, секако! Произведени во 2008 година, изложени во 2009 во Париз и 2010 во Мексико Сити, MYDNA полиците го носат потписот на дизајнерот Joel Escalona.