Новата година започна, а нова година значи свеж почеток. Ако не можете да се навикнете на овој број на година и доколку се уште кога го пишувате датумот внесувате 2012 наместо 2013, време е да набавите нов календар и тоа од оние кои се закачуваат на ѕидот во домот или Вашата канцеларија. Ако мислите дека електронските календари се попрактични, сетете се на сите оние старите кои Ви дозволуваат да си ги заокружувате важните денови и состаноци и да си запишувате забелешки.
Со цел на потсетување на старите добри хартиени календари, направивме избор од неколку уникатни календари кои ги пронајдовме на онлајн продавницата Etsy, изработени од повеќе дизајнери. Инспирирани од поп културата, астрономијата и vintage графиката, успешно реализирани во креативни графички решенија на хартија, платно дури и пластика. Инвентивно и корисно!