Празните ѕидови зрачат со застрашувачко чувство на осаменост. Како бескрајна агонија која ја компарирате со Вашата училница или канцеларија. Но, не и овој пат – денешниот Направи сам проект кажува збогум на безличниот бел ѕид во Вашиот дом, на еден крајно интересен и емотивен начин: заинтересирани сте за Вашиот нов фото-ѕид? Прочитајте понатака…
Потребно Ви е:
– линијар со израмнувач;
– молив;
– дали ќе употребите лепило или шајки, изборот е Ваш.
Како прво, дефинирајте го просторот на кој ќе направите Ваш фото-албум. Внимателно измерете точна и рамна површина – исцртајте со моливот табела според која ќе си го олесните монтирањето на фотографиите. Почнете со нивно прикачување (независно дали ќе изберете хронолошки распоред или нафрлани емоции), најпрвин осигурајте се дека сите фотографии се испринтани во ист формат. Исто така, на Вас останува изборот дали ќе ги сместите во интересни рамки или не, односно дали ќе оставите простор меѓу нив за некоја впечатлива порака. Многу малку време за многу голем ефект!