Комбинација од љубов кон астрономијата и провакативната женска силуета, лесно се согледува во серијата фотографии насловена Astronomy, дело на Taylor Allen. Серијата засега има само 4 фотографии каде женската фигура е претставена како платно за неговите астрономски слики. Секоја женска силуета претставува поинаква динамична, експлозивна убавина во комбинација со вселената. Исто како Универзумот, така и женската убавина е бесконечна и не целосно осознаена, истовремено мистична, далечна, но совршена.