Agan Harahap, фотограф кој е љубител на несекојдневни ситуации, кои ги меморира благодарение на фотографијата. Интригантна серија фотографии насловена како Garden Fresh, вклучува разновидни животни кои се наоѓаат во супермаркет. За оваа идеја Harahap вели: „Тоа е како патување на животните од нивните во нашите животи. Животните се соочуваат со нова реалност која е во судир со нивните природни навики и живеалишта… Одземени им се нивните идентитети и се користат како празни садови кои се пополнети со човечка драма на пародија и сатира…“ Доказ дека секој е свој на своето, животните во природата, а човекот во неговата модифицирана средина.