Portrait of Maquoketa – проект кој дава повеќе димензионален поглед на една заедница. Дело на Rose Frantzen, која потекнува од малото гратче Maquoketa, Iowa. За време од една година, Frantzen насликала 180 портрети од луѓе кои сакале да позираат за неа, вклучувајќи многу од нејзините пријатели и соседи. Единствен услов било луѓето да се жители на Maquoketa. Портретите се со големина од 12×12 и имаат за цел да дадат вистински приказ на луѓето кои позирале. По завршувањето на овој проект, Frantzen насликала и 315 квадратни метри од природата во Maquoketа на 34 панели кои вертикално закачени еден до друг ја создаваат целата слика. На другата страна на панелите се наоѓаат портретите. Со овие слики Rose Frantzen го прикажува духот и околината на градот. Оригинално, зар не?