После празниците сигурно Ви останале многу празни шишиња од вино и многу плутени тапи. Истите можете да ги искористите за да го украсите Вашиот дом, создавајќи елегантни огласни табли.
Потребно:
• три стари слики;
• плутени тапи;
• акрилна боја;
• лепак;
1. Најпрво сликите обојте ги со црна боја, во случај подоцна да се гледа некој дел.
2. Потоа наредете ги тапите една до друга, истовремено, зацврстувајќи ги мегусебно со лепак.
И готово, може да ги закачите на ѕид.